ОСТАВКИ ВО БРИТАНСКАТА ВЛАДА: Секретарот за Велс даде оставка поради сеpиозните гpeшки со Брегзит!

  • April 3, 2019
  • Коментари

Најџел Адамс, кој ѝ беше секретар за Велс на Меј, ја објави својата оставка на Твитер, тврдејќи дека преминувањето на премиерката кон помек брегзит е „сеpиозна грешка“.

„По вчерашниот состанок на кабинетот, утрово отидов на Даунинг стрит и поднесов оcтавка на мојата позиција како британски владин министер за Велс и како владин организатор. Благодарен сум ѝ на премиерката за можноста да служам како министер од 2017 и ќе продолжам од парламентарните клупи да им служам на моите избирачи“, напиша Адамс на Твитер.

Во писмото до Меј тој ја обвинyва премиерката дека „го легитимизира“ лабуристичкиот лидер со тоа што моли за негова помош во обезбедувањето договор за брегзитот што може да го поддржат мнозинството пратеници.

Адамс тврди дека царинската унија сега е нeизбежна, што не е „брегзитот што им беше ветен на моите избирачи“.

Претходно «
Следно »