ОСТАНА ЛИ НЕКОЈ РОДНИНА НЕЗГРИЖЕН?: Братучедот на Ременска и кумашин на министерот за земјоделство Николовски „здомен“ во ТЕЦ Неготино

  • January 31, 2019

Адријан Ташковски, прв братучед на пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, и кумашин на министерот за земјоделство Љупче Николовски е назначен за член на надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, дознава Лидер од извори во компанијата.

На веб страницата на ТЕЦ Неготино веќе е објавено неговото име. Според информациите ова лице кое е во роднинска врска со двајца високи функционери на власта, нема соодветно образование за оваа функција затоа што има завршено факултет за физичко образовани, кој нема никава врска со работењето на една термоелектро централа.

Претходно «
Следно »