January 28, 2021, 3:37 am

Останува селектор: Македонија на ЕП ќе патува со Игор Ангеловски

Поврзано

Кире Лазаров е новиот селектор на Македонија?

Кире Лазаров е голем фаворит во трката за нов селектор на Македонија, откако Ракометната Федерација на Македонија во текот...

Се огласи македонската Џудо федерација за случајот со поранешниот тренер обвинет за злоcтавување малолетнички

Македонската Џудо федерација во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, со обвинувања за...

Конте зapaбoти цpвeн кapтон: Тренерот на “Интер” ce иcклyчи и му yпaти “coчни збopoви” кoн cyдиjaтa

Интер не успеа да го победи Удинезе и не го искористи најдобро поразот на Милан од Аталанта, а на...
- Advertisement -

По неизвесноста која почна на крајот на претходната и продолжи на стартот на оваа година, човекот кој ја испиша историјата со македонската фудбалска репрезентација конечно добил понуда да ја води и на Европско.

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини имал состанок со Мрме околу продолжување на соработката и за дебитантското Европско првенство на Македонија, што беше и за очекување со оглед на постигнувањето на историскиот успех.

За сега нема официјална потврда од ФФМ, но тоа е најавено за в четврток пред Управниот одбор кога се очекува да се утврдат деталите и потпишувањето на новиот договор.

Ангеловски јавно кажа дека ќе ги прифати сите услови само да ја води Македонија онаму каде што ја однесе за прв пат, што значи не би требало да постојат пречки за неговото официјализирање.

Поранешниот стратег на Работнички седна на селекторската клупа во октомври 2015-та и за пет години стигна до подвиг кој беше недостижен скоро три децении.

На 45 средби, Македонија под негово водство има најдобар скор од 20 победи, 10 нерешени и 15 порази, што го прави најуспешен селектор во историјата.

Спортмедиа пишува дека платата ќе му остане иста, а тоа се 7.500 евра месечно.

Инаку договорот на Мрме истече на 31 декември 2020-та и со оглед на тоа што на таков успех не му го продолжија, излегоа сомнежи за негова смена.

Јавноста постојано се прашуваше зошто се чека, а Горан Пандев капитенски се произнесе со став дека Македонија на ЕП треба да ја води Игор Ангеловски. Тој посочи дека во изминативе пет години се создала хемија и сплотеност во националниот тим, која е чудно и глупаво да се наруши.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This