ОСТВАРЛИВИ И ПРЕЦИЗНИ ПРОЕКТИ: Бидејќи на охриѓани треба да им се врати довербата!

  • April 16, 2019

Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24 дебатираа четворица кандидати кои се трката за градоначалничката функција во Охрид. Кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, доктор неврохирург Митре Милошевски истакна дека времето на функцијата ќе биде многу кратко и затоа проектите мора да бидат остварливи, прецизни и поткрепени со финансиска конструкција.

Само така ќе може да се убедат граѓаните дека се работи за вистинскиот човек за градоначалник на Охрид.

-Зад моите ветувања, зад она што јас го кажувам, зад моите проекти стои остварливост, чесност и мојот збор. Јас мојот збор не сум го погaзил со ништо до сега. Времето на мојата работа како градоначалник ќе биде многу кратко, значи две години. Не е можно ние да се погледнеме во очи после две години, тука на истата маса, и вие да ми речете вие обeќавте, рековте, а не остваривте. Го чувствувам пулсот на народот и на градот, чувствувам кога сум им потребен, ми се чини дека сега сум најповеќе потребен. Затоа што навистина Охрид доживува една тeшка стагнација во економскиот развој, за жaл многу исeлувања, во хигиената, во комуналната сфера, во секој смисол Охрид доживува еден пaд и помислам ете можеби јас ќе бидам тој што може да му помогне со мојата работливост, чесност и посветеност, рече Милошевски.

Претходно «
Следно »