ОСТРА ОСУДА ЗА НАПАДОТ ВО БИТОЛА: Претседателот Ѓорѓе Иванов го осуди нападот на музејот на Албанската азбука!

  • March 7, 2017
  • Коментари

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов најостро го осудува денешниот инцидент во Битола во кој беше нападнат објектот на Националната установа „Музеј на албанската азбука“.

ivanov

 

Македонскиот претседател, како што соопшти неговиот кабинет, верува дека ова е изолиран случај и повикува инцидентот да не се злоупотребува за партиски, политички цели и за манипулација на јавноста.

Иванов смета дека кога државата се соочува со мошне сериозни предизвици, сите политички и општествени фактори се подеднакво одговорни за превенирање на какви било тензии и провокации, се нведува во соопштението.

Претседателот Иванов апелира и до секој поединец да се однесува одговорно и да ги има предвид можните последици од ваквите инциденти.

Македонскиот претседател повикува на натамошно почитување и унапредување на меѓусебните односи и градење на заедничкиот соживот.

Претходно «
Следно »