ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД РУСКАТА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА: Западните медиуми во Македонија ги зафати бран на „фејк“ информации!

  • February 10, 2017
  • Коментари

Во очаен обид да се спинува изјавата на Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од пред две години, кога тврдеше дека има оперативни информации дека од некои надворешни сили се подготвува поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, и предупреди дека тоа е опасно сценарио, некогаш угледниот „Дојче Веле“ беше злоупотребен и ставен во служба на мизерувањето на македонската редакција. По тој повод реагираше и Руската амбасада во Македонија

intervju_ambasador3

 

Реакцијата на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија го пренесуваме во целост:

Во последно време западните медиуми ги зафати бран на фејкови кои како чума ги уништуваат и последните остатоци на доверба кон некогаш угледните новински куќи. Жално е дека жртва на оваа епидемија сега повторно стана „Дојче веле“ чијашто македонска редакција објави напис насловен „Предлогот на Рорабакер – верзија на стар руски предлог?“ во кој повикувајќи се на други медиуми, а поточно австрискиот „Штандарт“, се обидува да му ја атрибуира на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, идејата за поделба на Република Македонија што тој всушност никогаш не ја искажал. Ваквите тврдења не се ништо друго туку бесрамна измислица. Токму спротивно на тоа, Сергеј Лавров таквите идеи ги смета за неодговорни и опасни. Како потврда за ова целосно го цитираме тој дел од обраќањето на Сергеј Лавров на 20 мај 2015 година на кој се повикуваат овие несовесни новинари:
Сергеј Лавров: „Пред многу години навистина имаше мошне остри разлики меѓу Словените и Албанците, тогаш беше склучен и Охридскиот договор, кој ги воспостави мирот и стабилноста. Потоа во контактите со Европската унија се поставуваше прашањето за правата на Русите во Естонија и Летонија, ги прашавме: Зошто го поддржавте Охридскиот договор и на Албанците во Македонија им дадовте многу права, а не можете да го направите истото за Русите во Естонија и Летонија? Одговор не добивме. Сепак, конфликтот во Македонија беше разрешен.
Сега веќе се зборува дека Македонија треба да биде „федерализирана“ уште подлабоко, да се направи и „лабава федерација“, па дури и „конфедерација“. Дури се изнесуваат идеи зошто истата да не биде распарчена како вештачка држава, дел да ѝ се даде на Бугарија, а дел на Албанија. Без да ја спомне Македонија, во еден поширок контекст премиерот на Албанија во Тирана искажува пароли на “голема Албанија”. Во Тирана доаѓаат лидери на албанските партии во Македонија и од таму добиваат инструкции. Паралелно со тоа американскиот амбасадор во Скопје ги свикува лидерите на политичките партии и на опозицијата.
Кон крајот на април годинава дури беше организирана посета на постојаните претставници на некои западни земји и на ЕУ при ОБСЕ. Пет или шест луѓе без никаков мандат од Постојаниот совет на ОБСЕ дојдоа во Скопје, се прогласија за ” мисија на ОБСЕ ” и притоа му испорачуваа рецепти и барања на Н.Груевски. За ваквото самоволие да не се повтори, ги замоливме седиштето на ОБСЕ, генералниот секретар и претседавачот, односно актуелниот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, да спроведат истрага и да не известат како можеше такво нешто да се случи“.
Би сакале да веруваме дека авторите на овој допис едноставно пренебрегнале со своите професионални обврски и не ја проверија веродостојноста на информацијата на која се повикуваат. Но, сепак, судејќи по тоа колку детално и заплеткано е изградена целата мрежа на многубројни референци, очигледно е дека станува збор за најобична технологија на „фејкот“ – омиленото средство на западните медиуми во информациски војни.

Претходно «
Следно »