Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага за дигиталните практики за рекламирање, веројатно пред крајот на оваа година, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Истрагата на Европската комисија може да биде голема закана за „Гугл“, кој минатата година заработи 147 милијарди долари приходи од онлајн рекламирање, повеќе од која било друга компанија во светот.

Рекламите преку „Гугл“ производите, вклучително пребарување, ЈуТјуб и Џи-мејл, имаа најголем удел во приходите во профитот на компанијата. Околу 16 проценти од приходите се од неговиот дисплеј или бизнис преку Интернет, во кој други медиумски компании ја користат технологијата на „Гугл“ за продажба на реклами на нивните веб-страници и апликации.

Европската комисија одби да ги коментира информациите добиени до Ројтерс, а „Гугл“ сè уште не одговори на барањето за коментар.

Комисијата за конкуренција на ЕУ изрече казни од вкупно 8,25 милијарди евра (9,8 милијарди долари) на најпопуларниот интернет пребарувач во светот во последната деценија за блокирање на ривалите во трговијата преку Интернет, за инсталирање само на неговиот оперативен систем Андроид во паметни телефони и рекламирање преку Интернет, објави Танјуг.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This