Отворено писмо до Заев: Ако не реагирате, музичката историја на оваа земја ќе згaсне

Поврзано

Чибишев: Дoдeкa нeмaмe вakцини и имaмe нajмнoгy изгy6eни живoти вo peгиoнoт, Заев дoби дoвepбa нa влaдa co 62 пpaтeникa

Докторот Андон Чибишев преку статус на Фејсбук пишува дека покрај тоа што немаме вакцини имаме и најмногу загубени животи...

Панчо yдpи по власта: Мајку ви ваша нecпособна до кога ќе не е*авате?

Па добро бе мајку ви ваша неспособна до кога ќе не е*авате буквално со е, како бе не ви...

Родители внимавајте: Пpeдизвик кој охрабрува caмоубиство на деца се шири на ТикТoк

Претседателот на истражниот комитет на Руската Федерација Александар Бастрикин издаде наредба за организирање истрага за ширење на информации на...
- Advertisement -

Познатиот музичар, автор и диригент Љупчо Мирковски, кој е и поранешен директор на Музичката продукција на МРТ и шеф и диригент на Танцовиот оркестар на МРТ, во отворено писмо му се обрати на премиерот на република Македонија Зоран Заев, барајќи средба со него. Во статусот на Фејсбук, Мирковски побара да се превземат итни чекори за она што останало како музичка историја која е несомнено дел од македонскиот идентитет, но и она што е иднина, сосема да не згасне.

„Музичката Продукција на МРТ одамна згасна заедно со Биг Бендот, Народниот оркестар, Оркестарот на народни инструменти и Оркестарот Чалгии како и Хорот, детскиот хор и Камерниот оркестар и целосен застој во работата на музичките продуценти во празните студија без музичка опрема. Мене лично тоа многу ме боли со оглед на тоа што сум дел од Музичката Продукција од 1978 година. И никогаш не сум бил вработен на друго место како вљубеник во својата работа и целосно музичко производство што е и основна дејност на Музичката Продукција. Се обидувам веќе 15 години да ја обновам, но не ми успева.

Не заради себе, јас имам уште една година до пензионирање, туку за државата и за младите генерации, извонредни музичари инструменталисти, композитори, аранжери кои се спремни да се вработат во МРТ, во Музичката Продукција да ја продолжат работата на Драган Ѓаконовски Шпато, на Кире Костов, Илија Пејовски, Александар Џамбазов, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Љупчо Константинов, Славе Димитров, Благој Чешларов, Благоја Дескоски и уште многу други великани на македонската музичка историја.

Јас сѐ уште верувам дека премиерот, Владата и Раководството на МРТ ќе имаат доблест да го прочитаат ова отворено писмо и дека позитивно ќе реагираат. Затоа решив да му напишам јавно на Г-нот Зоран Заев и да го замолам за средба во врска со обновувањето на музичката продукција на МРТ. Однапред се извинувам за должината на мојот напис.

Почитуван Г-не Заев, како член на работната група која беше формирана на Ваша и иницијатива на Владата за обновување на Музичката Продукција и оркестрите на МРТ, би сакал да Ве известам за тоа дека ја завршивме целата постапка уште во 2018 година, во траење од 6 месечна работа и со целосен елаборат за тоа како треба да изгледа Музичката Продукција и колку тоа би чинело.

Од за нас неразбирливи причини, целата постапка заврши со последната седница во јуни во 2018 година без ниедно известување и без ни една постапка за реализација на планот. Вие тогаш ме упативте кај Роберт Поповски кој не покажа никаков интерес за обнова на оркестрите на МРТ.

На 14 Октомври 2020 бев на состанок со заменикот Министер за информатичко општество и администрација во чиј ресор е и МРТ, но и тој до ден денешен нема никаква реакција. Во меѓувреме, на 133 седница на Програмскиот Совет на МРТ се инсистира на итно вработување во МРТ во неколку сектори, но нигде не се спомнува Музичка продукција и оркестрите на МРТ.

Верувам дека не е потребно да пишувам за тоа од каков интерес за нашата држава се оркестрите, кои за жал, оддамна не постојат, како и целата Музичка Продукција која ФИКТИВНО стои во Систематизацијата на МРТ, но ФАКТИЧКИ не постои.

Ве молам за еден состанок на кој би сакал да Ви го изнесам проблемот и да ви ги предочам сите работи околу Музичката продукција на МРТ.

Со почит, Љупчо Мирковски, композитор, аранжер и поранешен Директор на Музичката Продукција на МРТ“, стои во објавата на Мирковски кој е и автор и аранжер.

Latest News

Хелена за врската со Ибра: Збудалев поради Ферарито, тоа не беше љубов на прв поглед

Златан Ибрахимовиќ во претходните денови е во центар на внимание поради настапот на Сан Ремо, каде што на сцената...

More Articles Like This