October 23, 2020, 4:06 am

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: Имам камен на градите кога ја гледам состојбата во нашите училишта, а вие ќе ги реновирате само албанските!

Поврзано

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до 5 километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за...

Царовска: Можно е наставниците да работат од дома, да не се грее училница за еден наставник

Околу барањата за одржување настава со физичко присуство, министерката порача дека мора да се следат препораките на Комисијата за...

Место онлајн, офлaјн настава во Македонија: 20 отсто од учениците бeз конекција или бeз уреди

Една петтина од вкупниот број ученици во Македонија наместо настава имаат лоша интернет конекција, а голем број немаат ни...
- Advertisement -

Отворено писмо до министерот за образование и наука, Арбр Адеми од Димитар Пипилевски, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Бистрица

Почитуван Министер,

Пред неколку часа добив повик од мојата колешка-наставничката во с. Меџитлија кој многу ме израдува; добила повик од Министерството, од извесен г. Вулнет, дека нашето училиште ќе биде посетено и Министерството ќе се заложи за реновирање и средување на училишните згради (шеснаесет на број).

Имам „камен во градите“ кога ќе погледнам во каква состојба се нашите училишта, па така веста од колешката бескрајно ме израдува. Си реков, дочекавме време каде што некој ќе интервенира наспроти ужасната состојба во образованието. Мојата радост ќе траеше сѐ уште доколку тука завршеше разговорот. Но, во целата моја радост и благодарност ми „провеја“ и информацијата дека посетата ќе биде само во подрачните училишта на албански јазик, а исто и интервенциите.

Почитуван министер, работам во училиште со мешан етнички состав и секогаш мојата заложба била сите да сме рамноправни (и како директор и како наставник). Долго размислував дали да реагирам, но моите принципи и мојата професија не ми дозволуваат да останам „нем“. Министре, сите Ве доживувавме како млад, напреден, способен човек кој ќе може да ги сфати и да ги реши нашите проблеми. Но оваа постапка оди против сѐ за она за кое сум се борел, се борам и ќе се борам.

Нашите деца најдобро ги учиме преку сопственото однесување и пример.

п.с. Знам дека по оваа моја реакција единственото нешто што ќе се промени ќе биде мојата позиција како директор, но сѐ уште имам и „капка“ надеж дека сето ова е без Ваше знаење и дека ќе постапите правилно.

Со почит,

Димитар Пипилевски

Директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица

Извор: апла.мк

Latest News

Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците...

Полицијата пpekина свадба со 200 гости во Арачиново

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, дознава Канал5. Во објектот затекнати се околу 200 лица, а...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот на жpтви на епидемијата останува...

(Видео) Каракачанов со дрзok коментар му одговори на дeмонcтрaнт кој побара ocтавка од него

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрaна на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави зaтворање на сета...

More Articles Like This