ОТИШЛЕ ВО ЦРНА ГОРА ДА ЗАРАБОТАТ ЗА СВАДБА:Сега Милош го враќаат во ковчег!

  • July 18, 2018

Милош Вукомановиќ(25) од Звечане починал кога него и неговата девојка Снежана Рудинац(24) од Краљево, на пешачки премин ги удрил автомобил.

Милош починал во сообраќајната несреќа која се случила прексиноќа, 40 минути по полноќ во Бечиќи, кај Будва, додека неговата свршеница Снежана е тешко повредена и лекарите се борат на нејзиниот живот.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, на момчето и девојката, додека поминувале улица на пешачки премин, со голема брзина налетал автомобил со кој управувала Будванката Е.А.(23).

-Автомобилот буквално ги покоси. Се слушна силен удар и двајцата одлеатаа неколку метри подалеку. Момчето од силината на ударот почина на лице место, а девојката итно е превезена во болница и е во животна опасност. Девојката што ги удрила е уапсена, а полицијата ги истражува причините на несреќата- пренесуваат медиумите.

Како што се дознава Милош и Снежана, биле свршени и  отишле во Бечиќи да заработат за свадба, но несреќните околности го прекинале нивниот сон.

Претходно «
Следно »