January 24, 2021, 2:54 am

ОТКАКО НЕА ДЕМОКРАТИЈА НАЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ЦИПРАС ПОБАРА: Мицотакис да се изјасни за ставот на Самарас за Договорот од Преспа

Поврзано

И нa Брнз и дojдe пpeкy глaвa: Beтoтo на Бугарија e pизик нe caмo зa Македонија, туку и за ЕУ

САД се разочарани од ветото на Бугарија поради бројни причини, а пред сѐ затоа што веруваат дека Македонија беше...

(Видео) УЈП нajaвyвa пpoлoнгиpaњe нa poкoт зa пoднecyвaњe дaнoчнa пpиjaвa, cмeткoвoдителите најавуваат пpoтecт

Фирмите овој месец наместо до 25 јануари данокот за додадена вредност ќе можат да го пријавуваат до 29ти. Директорката...

(Видео) Oтидe и jaзикoт..: Македонија ce oткaжa oд “македонски“ и пpифaти “oфициjaлeн jaзик нa РСМ“ – кој oд двaтa e тој?

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во...
- Advertisement -

Не може некој во еден момент да зборува за предавнички договор, потоа да кажува дека ќе го почитува или сега да бара да се повлече како што вели Самарас, затоа, господинот Мицотакис мора да заземе јасен став.

Ова го вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, коментирајќи ги изнесените позиции на поранешниот премиер на Грција Андонис Самарас кој рече дека политичкото прашање е како Грција најлесно да се ослободи од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас во завршното обраќање на централниот комитет за обнова на СИРИЗА, рече дека станува збор за став на поранешен премиер и „човек кој и сега има многу големо влијание на пратеничката група на Нова демократија“ и коментираше дека Мицотакис мора да заземе став бидејќи е прашање кое не се однесува на внатрешно-партиските прашања, туку „за клучните теми што се однесуваат на кредибилитетот на земјата, во клучните национални прашања, мора да заземе јасна позиција“.

-Може ли тој самиот и неговата влада да го гарантираат овој договор? Го почитува овој договор, како што рече госпоѓа Бакојани, и ќе се придржува до него или Грција ќе треба се откаже затоа што не оди напред, како што побара господинот Самарас? Бидејќи ако Нова демократија, а главно владата, не разјасни дека може да го гарантира спроведување на Договорот од Преспа, тогаш остава широк отворен прозорец за дестабилизација, не само на регионот, што веќе постои, источно и југоисточно, туку и на северот на земјата. И тоа е голема национална одговорност, вели Ципрас.

Поранешниот грчки премиер уште еднаш го повтори ставот дека Договорот од Преспа е еден од најголемите успеси на претходната влада и дека за СИРИЗА е патриотски договор што дава можност за стабилизација на регионот.

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This