Откако Тамара влезе во финалето, Тијана јавно откри поради што сестра и не ја послушала и направила грешка на Евровизија

  • May 17, 2019

Пејачката Тијана Дапчевиќ денеска е најгорда сестра во целиот регион, пренесуваат српските медиуми откако нејзината сестра Тамара Тодевска вчера ја однесе Македонија во финалето на овогодинешната Евровизија.

-Јас сум најгордата сестра денеска во Европа, навистина не сум пристрасна, таа беше најдобра, вели Тијана за српски „Блиц“ и додава дека по настапот на Тамара ми се јави Марија Шерифовиќ и едногласно се сложивме дека Тамара вокално беше најдобра од сите на Евровизија, така да не сум субјективна.

Таа открива и дека нејзината помлада сестра ретко кога има трема, но и дека не ја послушала за една работа околу настапот на Евровизија.

-Тамара никогаш нема трема, за разлика од мене. Ме праша за совет и консултиравме, но не ме послуша на крајот, просто отиде по патот кој она го има замислено, додава Дапчевиќ.

Откако нашиот евровизиски тим кој е годинава на Евровизија во Тел Авив, се израдува на пласманот кој го имаше вчеравечер на втората полуфинална вечер, набрзо потоа следеше и прес-конференцијата за финалистите.

Гледачите овој сегмент од настанот немаа можност да го видат, но затоа Тамара преку социјалните мрежи на своите горди обожаватели им ги сподели моментите.

Имено, како и за првата полуфинална вечер, така и сега, се влечеше ждрепка од која беше направен редоследот на сите 26 песни кои ќе се натпреваруваат во сабота. Нашиот среќен број е осум!

„Proud“ ќе грми во првиот дел од големото финале, па овој пат нема да ја чекаме за да ја видиме и слушнеме до самиот крај како вчеравечер, иако и тоа беше многу добро бидејќи на крајот остави силен впечаток со својата несекојдневна музичка доминација на сцената.

Како што рече и самата, обувките кои ги носешее за амајлија, навистина и донесоа среќа, а не се сомневаме дека истите под фустанот ќе ги носи и во сабота.

Инаку, на прес-конференцијата Тамара се заблагодари на сите кои гласаа за Македонија и изјави дека е многу горда на својот тим без кој рече дека не можела да успее.

Претходно «
Следно »