ОТКРИЕНА Е ПРИЧИНАТА ЗА РАЗВОДОТ НА АКТЕРСКИОТ ПАР: Еве зошто Деми Мур и Брус Вилис не останале заедно!

Поврзано

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Група астрономи открија диск галаксија стара 12,5 милијарди години

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков...

(Фото) KPВТА НЕ Е ВОДА: Вонбрачниот син на Шварценегер е копија на татка си

Џозеф Баен (22) е син на Арнолд Шварценегер (72), кој славниот актер го доби со својата љубовница, дадилката на...

ВОЗИЛАТА ИМ СЕ ПОВАЖНИ ОД ПАРТНЕРИТЕ: Секој трети возач му дал име на својот автомобил

Секој десетти Британец признава дека се грижи повеќе за неговиот четири тркала отколку за неговата сопруга или сопругот, додека...

Нивната романса згаснала во далечната 1998 година, но не и пријателството.
Љубовта родена на црвениот тепих била овековечена само четири месеци по судбоносната средба, а Брус Вилис и Деми Мур, и покрај константните напори на таблоидите да ги разделат, документите за развод ги потпишале дури 13 години подоцна.

Парот останал во пријателски односи и често се дружат заедно.

Во далечната 1987 година, на премиерата на филмот „Заседа“, Брус Вилис паднал на шармот на седум години помладата колешка Деми Мур, која на црвениот тепих пристигнала во придружба на тогашниот свршеник, актерот Емилио Естевез.

Колку страста била силна, го докажува фактот што Естевез веднаш станал минато, а само четири месеца подоцна, Брус и Деми се заколнале на вечна љубов во Лас Вегас.

По помалку од една година, парот добил ќерка која ја крстил Румер, а по неа, во 1991 и 1994 година, на свет дошле и Скаут и Талула.

Многу години пред официјално да се разведат, се претпоставувало дека не се во добри односи, а во 1993 година, актерката изјавила дека медиумите нема да престанат сè додека еден ден не бидат во право.
Летото 1998 година, по речиси 11 години брак, медиумите конечно успеале во својата намера: парот го најавил крајот.

Никогаш не се дознала вистинската причина, но се претпоставувало дека една од нив била густиот распоред на снимања што ги имале двајцата поради што многу малку време поминувале заедно. Некои медиуми пишувале дека актерот бил толку опседнат со други жени, што не можел да издржи во брак и да ѝ биде верен само на една.

Во 1996 година, во едно интервју, Брус Вилис признал дека сè уште не запознал жена која сама целосно би ги исполнила неговите сексуални барања.

„Што точно е бракот? Па не постои жена која би можела да го задоволи природниот нагон што создава желба за размножување. Тој нагон не исчезнува само затоа што имаш три, десетици или стотина деца. Сиот труд е залуден, бидејќи ние сме животни. Ние сме само магариња во потрага по грана, желни секоја жена што ќе ја погледнеме да ја однесеме во кревет. Тоа едноставно е програмирано во нашиот генетски код.“

Никој не се надевал дека ќе останат во брак дури 13 години, но и по разводот останале блиски пријатели и имаат заедничко старателство над ќерките. Тие биле толку блиски што дури и кога Деми се омажила за Ештон Качер пет години подоцна, Вилис понекогаш излегувал со нив, а наводно ја поддржува и нејзината нова врска со српската стилистка Маша Манџука.

Во меѓувреме и актерот се оженил, овој пат со актерката и манекенка Ема Хеминг, со која добил уште две ќерки – Мабел (во 2012 година) и Евелин (во 2014 година), а сите негови наследнички се многу блиски и покрај големата разлика во години.

Актуелно

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

РУСКОСКА: Јанева ја избра страната на злoтo, торбата Луј Витон завршила кај родителите на Јовановски

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овије зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева...

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во...

Повеќе вести