October 29, 2020, 12:39 pm

Отфрлени кривичните пријави на „Топлификација“ за директорот на ТЕ-ТО и пет други лица

Поврзано

Златко Марин оди во изолaциja

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин е во домашна изолација, откако во текот на вчерашниот ден генералниот секретар, Владимир...

Hивoaтa нa peкитe пoд и oкoлy oктoмвpиcкиoт пpoceк

Нивоата на реките низ земјава не бележат позначителни промени во однос на вчерашните вредности. Како што покажуваат денешните хидролошки...

ПOCTИГНАТ „БУГАРСКИ“ KOMПPOМИС ВО БРИСЕЛ: Македонија ќе мopa да ги „пpизнae“ бугарските корени на јазикот и идентитетот

Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во...
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, ја отфрли кривичната пријава поднесена од „Топлификација“ АД Скопје против четири физички лица (претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат) со која тие беа обинети за злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и против две правни лица (од Скопје и од Никозија, Кипар) за оштетување или повластување доверители од член 257 од Кривичниот законик.

Со ова решение, како што информираат од ОЈО, се отфрла и кривичната пријава поднесена од тројца акционери во „Топлификација“ , како и пријавата поднесена од Управата за финансиска полиција против стечајниот управник за кривичните дела – злоупотреба на постапката за стечај согласно член 256 и злоупотреба на службена положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

– Отфрлена е и кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција против едно физичко лице – претседател на Управен одбор за кривични дела – Намерно предизвикување стечај од член 254 и Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, против две физички лица (нотар и судија) за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и против едно правно лице од Скопје за кривично дело – Намерно предизвикување стечај од член 254 од Кривичниот законик – појаснуваат од ОЈО.

Оттаму додаваат дека поднесените пријави се отфрлени бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по една кривична пријава за која сега се произнесува и Основното јавно обвинителство Скопје, донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција против три лица за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниви дела според член 273 од Кривичниот законик, како кривично дело за кое е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поднесените кривични пријави се однесуваа на евентуални неправилности во работењето на пријавеното лице ТЕ-ТО АД Скопје, кај кое правно лице сопственичката структура со 89,2% е странски капитал, а останатите 10,8% е во сопственост на „Топлификација“ АД Скопје.

Во текот на претходната постапка се утврди дека правното лице ТЕ-ТО АД Скопје е основано на 21.12.2004 година со основачки влог 5.000 евра и регистрирана приоритетна дејност – Производство на топлинска енергија. Поради обемот и динамиката на работа, за извршување на својата дејност, правното лице за цело време се финансира преку заеми од акционерите и обезбедени банкарски кредити.

Поради финансиски потешкотии во извршувањето на дејноста од неговото основање, исполнети биле условите за отворање стечајна постапка поради идна инсолвентност, која стечајна постапка завршила со реорганизација на друштвото како единствен начин ова правно лице да продолжи да работи и да ја извршува дејноста за која е основано.

– Овие решителни факти обвинителството ги утврди пред сè од економскиот вешт наод и мислење од релевантно друштво за ревизија, изготвен по наредба на надлежниот јавен обвинител. Воедно при утврдување на сите факти јавниот обвинител ги анализираше и вештачењата и експертизите приложени од ТЕ-ТО и од „Топлификација“ – појаснуваат од Обвинителството.

Обвинитеството по спроведената анализа на податоците утврдило дека Битар Холдинг Лимитед од Р.Кипар директно и индиректно со 89,2% од капиталот е сопственик на ТЕ-ТО АД Скопје.

– Од целокупната анализа на сите приложени и во текот на постапката обезбедени материјални и вербални докази, како и од правната оценка на кривичните дела произлезе дека со оглед на тоа што акционери во ТЕ-ТО АД Скопје се Топлификација АД Скопје со 27 акции или 10,8%, Битар Холдинг Лимитед од Кипар со 73 акции или 29,2% и Проџект Менаџмент Консалтинг од Британските Девствени Острови со 150 Акции или 60%. Бидејќи сопственик на Проџект Менаџмент Консалтинг е Битар Холдингс Лимитед, во поглед на сопственичката структура на ТЕ-ТО АД Скопје и поврзаните лица, неспорно е дека Битар Холдинг Лимитед од Р.Кипар директно и индиректно со 89,2% од капиталот е сопственик на ТЕ-ТО АД Скопје – појаснуваат од ОЈО.

Оттаму додаваат дека во ваква состојба, правата и обврските помеѓу овие правни лица и нивните меѓусебни побарувања претставуваат предмет на други, со закон регулирани постапки, бидејќи помеѓу тие правни лица се воспоставени деловни односи и истите од кривично – правен аспект не претставуваат предмет на кривично правно постапување. Воедно постапката за отварање и спроведување стечај е регулирана со посебен закон кој претставува Lex specialis, а од анализа на доказите и правната регулатива произлезе дека постапувањето по овој закон во конкретниот случај исто така не претставува основ за кривично гонење.

– Со оглед на горенаведеното се утврди дека во дејствијата на пријавените физички и правни лица не се исполнети битијата на пријавените кривични дела или на друго кривично дело за кое што се гони по службена должност. Оштетените имаат право на жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена од приемот на решението – велат од ОЈО.

Latest News

По Германија и Франција пpoгласи едномесечен кapaнтин

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Златко Марин оди во изолaциja

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин е во домашна изолација, откако во текот на вчерашниот ден генералниот секретар, Владимир Стевков, објави на социјалните мрежи...

Hивoaтa нa peкитe пoд и oкoлy oктoмвpиcкиoт пpoceк

Нивоата на реките низ земјава не бележат позначителни промени во однос на вчерашните вредности. Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, и натаму нивото на...

ПOCTИГНАТ „БУГАРСКИ“ KOMПPOМИС ВО БРИСЕЛ: Македонија ќе мopa да ги „пpизнae“ бугарските корени на јазикот и идентитетот

Бриселски Политико утринава, повикувајќи се на дипломатски извор, кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков,...

Peномираниот Фopин полиcи: Heпростлив е moлкот на САД околу зakaните на Бугарија кон С. Македонија

Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на односите меѓу некои земји уште...

More Articles Like This