Отфрлени над сто амандмани на Законот за одложување на пописот, утре продолжува расправата пред Законодавно-правната комисија

Поврзано

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

(Видео) „Oдимe нa EП“: Пoглeднeтe гo cпoтoт нa нaвивaчкaтa химнa нa нaшaтa фyдбaлcкa peпpeзeнтaциja

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“  на нашата фудбалска...

(Видео) Ceкоja чecт: Македонија oди нa Oлимпиjaдa – oвa e Македонецот кој обeзбeди oлимпиcка визa

Македонија оди на Олимпијада во престолнината на Јапонија! Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори...
- Advertisement -

Во Собранието доцна попладнево заврши комисиската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ за МИА изјави дека доцна попладнево заврши седницата со единствена точка на дневниот ред – одложување на пописот, што би се одржал од 5 до 30 септември. До 15 часот биле доставени повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-Сто и еден амандман беа доставени до 15 часот, имаше и други по 15 часот, а сите од формален аспект не беа уредни. Како претседател на Комисијата за европски прашања добив писмо, известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека дел од амандманите не се уредно доставени бидејќи биле запишани имињата на пратениците од опозицијата, а во најмногу од нив, потпишани само од двајца или од еден пратеник, а треба од сите наведени имињата на партениците. Поради овие причини претседателот така одлучи, добив известување и сме обврзани да го почитуваме, изјави Адеми.

Адеми информираше дека имало и три амандмани уредно доставени од Левица, но, како што рече, не беа поддржани од членовите на Комисијата. Додаде дека без ниту еден глас „за“, сите биле против или воздржани за амандманите на Левица.

-Ние завршивме во Комисијата за европски прашања и доставивме Извештај до претседателот на Собранието Талат Џафери и би требало утре да расправа Законодавно-правната комисија за пописот, рече Адеми.

На веб-страницата на Собранието, оваа седница е закажана за утре во 10 часот за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Според него, постои можност утре да се одржи пленарна седница за одложување на пописот.

Latest News

Taжнa вecт: Пoчинa Кирил Псалтиров, дoajeн на мaкедонското глyмиштe

Денес на 08.05.2021 после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден...

More Articles Like This