September 29, 2020, 5:26 pm

Официјална средба на партиските лидери по собраниската седница

Поврзано

Државниот завод за ревизија потврди: Oбвинителите од СЈО си исплатиле 282.896 илјади денари повеќе од предвиденото

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно oбвинитeлство износот на исплатените додатоци за 2015 година го надминува...

Фетаи објасни зошто го повлекла обвинeниeто против Рангелова

Oва обвинeние е поднесено во скаратена постапка, а во скратена постапка не постои обврска Јавниот oбвинител да ги испитува...

Почнуваат со работа игротеките

На денешната седница Владата го усвои и протоколот за работа на игротеките во услови на eпидемија со КОВИД-19 и...
- Advertisement -

Со конститутивната седница на Собранието, политичките лидери официјално ги започнуваат преговорите за ново мнозинство. Официјална средба ќе се одржи утре меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДПА, Мендух Тачи.

Социјалдемократите не споделуваат детали за тоа дали нивниот лидер има други состаноци во неговата агенда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за вторник нема состаноци со политички лидери. Иако по средбата со лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, најави средби со лидерите на коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, ниту една партија не потврди дали одговориле на поканите за средба во рамки на конституирање на Собранието. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека немаат информации за некоја средба на нивниот лидер Христијан Мицкоски со некој од лидерите на политичките партии претставени во Собранието.

Мицкоски пред неколку дена најави дека по конституирањето ќе ги започне состаноците на ниво на лидери, што според него ќе се одржат во Собранието. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива досега не соопшти за средби за обезбедување парламентарно мнозинство.

Според нив, ќе се даде простор на ДУИ да го исполни единственото ветување за премиер Албанец, за што тие изразија подготвеност да го поддржат со гласови во Собранието. Од утре тече рокот од 10 дена во кој според Уставот претседателот мора да му го довери мандатот на лидерот или на партијата што ќе обезбеди мнозинството во Собранието. Во овој период се очекува засилување на разговорите меѓу лидерите и формирање на преговарачки групи.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, еден ден по изборите рече дека неговата партија ќе се обиде да обезбеди мнозинство без ДУИ, за да нема условени преговарања. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, паралелно ќе води преговори за обезбедување мнозинство, додека лидерот на ДУИ Ахмети ќе се обиде да го обедини албанскиот политички блок за функцијата премиер.

Во случај разговорите да продолжат според роковите, се очекува мандатот да се довери на 14 август, додека гласањето на новата Влада може да се одржи во последната недела од август.

Latest News

Демант од Турција: Турските власти нeгиpaат дека собориле ерменски вoeн авион

Претставникот на турскиот претседател, Фахретин Алтун денес нeгираше дека турскиот ловец го соборил авионот на ерменските воздухопловни сили во...

Лукашенко и неговиот син на црната листа на Велика Британија

Велика Британија воведе caнкции за белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот син и уште шест високи владини функционери, по спopните претседателски избори и cyзбивањето на...

Државниот завод за ревизија потврди: Oбвинителите од СЈО си исплатиле 282.896 илјади денари повеќе од предвиденото

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно oбвинитeлство износот на исплатените додатоци за 2015 година го надминува износот на исплатените средства за...

(Видео) Пaнки конечно се огласи за вмешаноста во мрежа која kpaдела податоци од банкомати

Пред само неколку месеци во јавноста се прошири веста дека Сашо Каимовски Панки бил уапceн на граничниот премин Евзони при обид за влез во...

Италија ќе ја продолжи вонрeдната состојба

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба за да помогне kpизата со кopонавирусот да се држи под контрола, бидејќи Владата се обидува да избeгне...

More Articles Like This