ОФ НЕТ: Не е лесно да си Ордановски!

  • October 18, 2018
  • Коментари

Има една стара приказна од Сител која оди вака: Ѕинго еден ден доаѓа на работа во Собрание и по некое време сфаќа дека неговиве коалициони партнери некако ладни, го избегнуваат.


„Латасе, кад окреќеш у кривину, кажи да се држимо, испопадасмо…“
А сега за еден друг кој ни самиот не знае кога да се држи.

Ќе прочиташ две негови последователни колумни и ќе сфатиш дека единствената работа која им е заедничка е фотографијата.

Елем, во вторник (16 октомври 2018) Сашо Орданоски пишува колумна со наслов:

А Заев да престане со политичко лигавење?

Во неа бара:

„…македонските анти-западни, криминогени и шовинистички сили треба да бидат демократски ПОРАЗЕНИ – и на избори, но и на улица, ако е неопходно! – а не да бидат КОРУПТИВНО КООПТИРАНИ во овој процес на интеграција во цивилизираниот свет…. Таа цивилизациска магистрала води низ правната држава, а не по козјите патеки на гнилите дилови во македонското политичко подземје“.

Дотука добро. Ама, доаѓа среда (17 октомври 2018) па ќе напише друга колумна во која ја најавува можноста сепак да се собере двотретинско мнозинство за преспанскиот договор.

Пресврт: Договор, сепак, ќе има!

Нормално, двотретинско мнозинство може да има со гласови на оние зли сили кои во вторникот требаше да бидат демократски поразени а не коруптивно кооптирани!

И сеа како??

Патем, за „цивилизациската магистрала“ која во вторникот водеше исклучиво „низ правната држава“, во среда има да го каже ова:

„Дополнително, власта ургентно ослободи двајца пратеници од домашен притвор, за да им покаже на следбениците на Ѓаволот дека намерите за амнестија ѝ се сериозни…“

Заклучок од вторникот е:

„Следното најдобро нешто на понуда е функционална правна држава“.
Заклучок од средата е:

„Како и да го свртиш, целта ќе да ги оправда средствата“.

Следно најдобро нешто на понуда е да го прескокнеме во четврток. Па нека се врти како сака.

Претходно «
Следно »