Охридскиот в.д. градоначалник ненајавено ги посетил вработените во пожарната и паркинг-службата за нова година

  • January 1, 2019

Константин Георгиевски, в.д. градоначалник на Охрид, во текот на новогодишната ноќ бил во ненајавена посета на охридската пожарна и на паркинг-службата.

Придружуван од општинскиот секретар Игор Бежоски, Георгиевски им посакал среќа на вработените во охридските јавни претпријатија.

Инаку, Георгиевски беше назначен за в.д. градоначалник на Охрид по ненадејната смрт на Јован Стојановски.

Претходно «
Следно »