ОХРИДСКО ПОВТОРНО СЕ ИЗЛЕА: Шеталиштето во Охрид под вода, езерото 27 сантиметри над дозволеното

  • April 10, 2018
  • Коментари

Шеталиштето во Охрид е покриено со вода. Нивото на Охридското Езеро, според последните информации, е на 694 метри надморска височина, што е 27 сантиметри над максимално дозволената кота, пренесе Плусинфо.

Дотокот на вода, сѐ уште е поголем од истекот, додека најавите за стабилно и топло време, со дневни температури повисоки од дваесеттиот степен Целзиусов, можат дополнително да ја усложнат ситуацијата ако дојде до брзо топење на снегот на Галичица и Петринска планина.

Претходно «
Следно »