ОЈО ОТВОРА ИСТРАГА ЗА ИВАНОВ: Притисок врз претседателот да го стави потписот на Законот за јазици и Договорот од Преспа!

  • October 30, 2018

Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот, пренесува ТВ 21.

Најавата за истрага доаѓа по одлуката на Иванов да одбие да ги потпише Законот за јазици, како и ратификацијата за Договорот од Преспа. Имено очигледно е дека ова е уште обид за притисок врз претседателот на републиката откако во јавноста се се погласни најавите за импичмент и проблемите кои Иванов може да ги направи не потпишувајќи ги уставните измени кои насила ги турка владата на Заев и неговите пратеници.

Постапката за импичмент на Иванов е предолга и прекомплицирана, а многу веројатно е дека Заев не е сигурен дали ќе го има двотретинското мнозинство кое ги гласаше уставните измени за гласањето за импичмент на претседателот. Така сега Заев го активира своето партиско обвинителство повторно да ја заврши валканата работа за него и уште еднаш го користи истото за притисок врз неговите неистомисленици.

Претходно «
Следно »