ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПРОТИВ ЕДНА ПРИВАТНА БОЛНИЦА: Иста кардиоваскуларна интервенција ја наплаќале повеќекратно од Фондот

  • November 1, 2018

По допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага.

„Предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница, согласно кои приватната болница злоупотребила склучен договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување“, се вели во соопштението на ОЈО.

Според информациите, постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот.

Надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

Претходно «
Следно »