ОЈО ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Ширење говор на омраза

Поврзано

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

Bpaбoтeни вo cпopтcки oблoжyвaлници: „Издpжyвaмe фaмилии, плaќaмe кpeдити и бapaмe caмo дa paбoтимe“

Вработените во спортски обложувалници денес одржаа прес-конференција пред Владата на Македонија, на која ги изнесоа своите ставови во врска...

Oфициjaлнo: Bлaдaтa дoнece oдлyкa – пoлицcки oд пoлнoќ дo 4 чacoт, ќe paбoтaт и тepeтaнитe

По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие,...
- Advertisement -

Кривична пријава заработи Миленко Неделковски за ширење говор на омраза на социјалните мрежи. Предметот кој го отвори Основното јавно обвинителство се однесува на неговите постови на Фејсбук во однос на катастрофалните пожари што неодамна ја зафатија Грција, а во кои алудира дека Грците ја заслужиле огнената  катастрофа поради договорот со Грција.

Обвинителството ќе го гони Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето се товари дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител преку Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази. Осомниченото лице не дало свој исказ пред надлежен јавен обвинител, бидејќи не било достапно на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

Дополнително, во конкретниот случај, обвинителството имаше увид и во дадените коментари од други лица кон објавениот текст на осомничениот, но притоа оцени дека од кривично-правен аспект постојат основи за постапување само против осомниченото лице, бидејќи тој врз основа на својот општествен статус и професијата која ја извршува, со објавата ги поттикнал останатите коментари во јавноста.

Обвинителството, како орган кој ги гони сторителите на кривични дела, по својата поставеност, ги цени законските можности за постапување, фактите и доказите во секој конкретен предмет, како и општествената оправданост за јавнообвинителско постапување, особено водејќи сметка да не ја наруши слободата на изразување.

Latest News

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

More Articles Like This