ПАДНАА ПРВИТЕ ЖРТВИ: Двајца цивили убиени, бомба фрлена во Парламентот, уапсени пучистите!

  • July 16, 2016

Државната новинска агенција „Анадолу“ соопшти дека двајца цивили се загинати откако пучистите отвориле оган кон цивили, а претходно одредени медиуими известија за 20 загинати полицајци

Турската војска собори хеликоптер на пучистите кој се користеше за напаѓање на државните институции и народот кој се собира да му даде поддршка на Ердоган. А во меѓувреме министерот за труд заедно со народот успеа да влезе во државната телевизија ТРТ и да ја преземат.

Освен овие информации, засега има и информација дека се уапсени 13 војници – пучисти, меѓу кои и тројца офицери.

Разузнавачката агенција на Турција соопшти и дека голем дел од пучистите се неутрализирани, и дека Турција е назад во рацете на демократски избраната власт.
puc_apsenje

Претходно «
Следно »