ПАДНА ПРВИОТ АНТИКОРУПЦИОНЕР: Екс-претседателот Миленков си дал оставка од функцијата

  • March 5, 2018

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и поранешен претседател, Горан Миленков си поднесе оставка, објави „Телевизија 24“.

Миленков ја потврдил информацијата, но не сакал дополнително да коментира ништо.

Засега не се познати причините за неговата оставка и дали ќе следуваат нови. Оставката следува по скандалот за ненаменски трошења на дел од членовите на ДКСК.

Претходно «
Следно »