ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА СТРАЖА: Вечерва вее снег на Стража, УХМР најавува пообилни врнежи од снег во недела

  • November 16, 2018

Метеоролозите за деновите од викендот кој е пред нас прогнозираа дожд на пониските и снег на повисоките места, а вечерва веќе падна првиот снег на планинскиот превој Стража.

За утре од УХМР највуваат дека врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекуваат во вторник.

Да потсетиме, од вчера стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Претходно «
Следно »