ПАДОТ НА „МОЌНИОТ ДРЖАВНИК“: Хојт Брајан Ји, персона нон грата во Вашингтон – сите негови уцени и ултиматуми во Македонија контра политиката на Вашингтон!

  • January 25, 2018

Брајан Хојт Ји повеќе не е на списокот на вработени во Стејт Департментот, а по сопствено признание во интервјуто дадено за грчките медиуми, не е донесена никаква одлука за негово именување на место амбасадор во некоја од државите на Балканот


Брајан Хојт Ји, судејќи по се, во моментот е невработен. Што значи дека, сите ултиматуми, лекции и закани кои Ји на овие простори ги изнесуваше во последните година дена, иако се мислеше дека ги носел во име на американската администрација, изгледа дека не биле официјален став на Америка.

Познатиот уценувач Хојт Ји е исфрлен од Стејт департментот! Ова го изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик, најгласувајќи дека овој Американец „ги лажеше тукашните медиуми дека лично поднел оставка, за да не го загуби кредибилитетот на ‘моќен државник’“.

„Тоа што тој не ги застапуваше ставовите на новата администрација, туку тука продолжи да ја спроведува политиката на старата администрација и затоа таму го загуби кредибилитетот. Тој сега нема никаков статус што се однесува на Стетј Департментот.“ – вели Додик.

Дека Ји нема да биде, како што претходно се најавуваше, амбасадор ниту во Босна и Херцеговина, ниту во Македонија како што се најавуваше, за Спутник потврдил и историчарот Александар Раковиќ, напоменувајќи дека неговото име повеќе го нема на списокот на вработени во Стејт Департментот. Освен тоа, Раковиќ напоменува дека очигледно е дека неговата политика кон балканските земји била штетна, како и дека од земјите кои треба да ги направи сојузници на САД, ги направи опоненти.

„Предизвика само конфликти и провоцираше влади на државите на Балканот. Ји инаку беше во шестиот ранг на американската дипломатија, што значи дека е некој така ниско позициониран што не може да стане дипломат. За да стане дипломат, мора претходно да напредува неколку чекори во хиерархијата“, нагласува Раковиќ.

Тој напоменува и дека очигледно е дека Ји имал вакви претензии, но исто така потсетува дека американскиот автор Мајк Гонзалес, кој работи за фондацијата „Херити“ и кој прв ја објави оваа информација за оставката на Ји, оставката ја поврза со писмото од кабинетот на државниот екретар на Америка Рекс Тилерсон, во кој се вели дека токму од земјите кои требаше да ги направи сојузници, ги направи нови соперници.

Претходно «
Следно »