ПАЗАРЏИИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ: Зголемини цените на пазарите во пресрет на Божиќните празници

  • January 4, 2019

Православните верници в недела го празнуваат Бадник, а в понеделник Христовото раѓање – Божиќ.

Традицијата налага вечерата да биде посна, а цените на производите кои вообичаено се наоѓаат на бадниковата трпеза како по обичај секоја година се зголемуваат пред празникот, што на голем дел од семејствата со ниски примања им го отежнува пазарењето и тоа да го поминат празникот со богата трпеза.

Лепче, грав, риба, тиква, сарма, посни пити, компири и овошје се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трапезата, а токму на овие производи речиси секоја година цената пред празникот се зголемува. И пазарџиите и купувачите сметаат дека цените за Бадник и Божиќ се високи, но така е секоја година, а според пазарџиите се помалку гужва има по пазарите, граѓаните често пазаруваат и по маркетите.

Пред една недела килограм костени чинеше од 100 до 120 денари, сега на некои пазари се продава по цена од 200 денари. Оревите пак, сега чинат 150 денари, иако претходно се продаваа за 80 до 100 денари за килограм.

Еден килограм портокал може да се купи за 35 денари, мандарините за 40-50 денари, сувите сливи за 150 денари за килограм а цената на смоквите и урмите се движи од 35 до 50 денари. Цената на крапот е околу 250 денари а мавровската пастрмка 350 денари за килограм.

Божиќните гранчиња кои се традиционален и најважен декор за Божиќните празници се продаваат по цена од 5 и 10 денари по гранче.

Претходно «
Следно »