ПАК СЕ ИЗДАДЕ: Заев призна дека Грција ги пишува амандамните на македонскиот Устав!

  • December 5, 2018

Премиерот Зоран Заев денеска ја отвори првата јавна дебата за нацрт амандманите на Уставот посочувајќи притоа можни прифатливи предлози кои би можеле да станат дел од нив, а се изнесени на дебатата во собраниската Комисија и на пленарната седница.

Дел од овие предлози се за примената дома на Договорот, во Преамбулата таму каде што се зборува за референдумот од 1991 година да биде вметнато и Уставот на РМ, за граѓаните кои живеат во нејзините граници да стои “и граѓаните кои се дел од албанскиот народ…”, а исто така, рече премиерот, важно е во делот на државјанството да се прецизира што е државјанство, а што етничка припадност…

– Морам да признаам, дека се консултираме со Грција и тие со нас. – рече Заев и додаде дека за некои од овие предлози има позитивни мислења кај членовите на Владата.

Потсети дека во нацрт амандманите се вградени предлози на осумтемина пратеници и посочи на одлуката уставните измени да стапат на сила само доколку Грција ги ратификува Договорот од Преспа и Протоколот за наше членство во НАТО.

Според Заев се повеќе граѓани го прифаќаат овој процес, но треба да им се објасни што после промената на името.

Професорот Фрчкоски смета дека амандманите не ја загрозуваат граѓанската основа на државата, дека се прифатливи од аспект на идентитетските прашања и дека притоа некои делови се зајакнуваат дури и кога се споменува други етнички заедници, како и дека решенијата се во рамки на уставно-правните стандарди.

Професорот Владо Поповски изнесе свои предлози за зајакнување на нацрт амандманите посочувајќи дека во Преамбулата на Уставот јасно да се прецизира македонски народ…

На дебатата учествуваат пратеници, претставници на научната јавност, граѓански организации, новинари…
Ова е првата од петте јавни дебати за уставните измени.

Претходно «
Следно »