Палевски: Уставен нема да промени ништо, државата веќе четири години без потпис на претседателот функционира како Северна

Поврзано

Нашето cyдство го среди, па сега и грузиското: Груби се понудил да ја coветува Грузија за реформи во пpaвосудството

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес беше домаќин на грузиската претседателка...

Чистка во СДСМ: Конгрес во недела, ќе се бираат нови членови на Централниот одбори нов заменик-претседател

Претстојниот изборен Конгрес на СДСМ, закажан за 16 мај во недела, ќе се одржи по дититален пат поради ситуацијата...

Нелоски: Пендаровски покажа слабост и немање конкретен став, очигледно дека притиcokoт од Заев е преголем

Пендаровски ја покажа својата слаба позиција и немање на конкретен став, притисокот на Зоран Заев е преголем и...
- Advertisement -

Љупчо Палевски во вечерашното гостување во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа зборуваше за актуелните политиччки случувања во земјата. Палевски, коментирајќи ја најавената расправа на Уставниот суд за прегласувањето на Северна без указ на претседателот Иванов, како и законот за двојазичност изјави дека со оглед на тоа како се води политиката во земјата, не очекува ќе има правда по ова прашање.

„Ваквиот начин на водење на политика не ми дава никаква надеж да очекуваме дека таму може да има правда и закони. Нема да има. Ќе најдат начин да сето тоа продолжи така како како почнале. Не сум оптимист“, коментираше Палевски.

Палевски додаде дека одлуката на Уставен суд нема да промени ништо, бидејќи истата нема да биде праведна, нема да биде според законите.

„Таа одлука ќе биде политичка како и досеганите сите одлуки кои се политички и нарачки. Зоран Заев опстојува на власт по секоја цена иако нема никаква поддршка, никаква политика која би можел да ја продаде. Едноставно, владее на сила“, рече Палевски.

Палевски нагласи дека самиот факт што беа потребни четири години за предметот да се најде на дневен ред, значи дека државата функционира како Северна без потпис на претседателот.

„Со самиот факт дека беа потребни четири години, расправата веќе е безпредметна, државата веќе четири години функционира како Северна без потпис на претседателот“, потенцираше тој.

Latest News

Промени само една навика и изгуби 5 килограми: Тајната на Цеца за совршена линија

Најлесен начин да изгубите тежина. Иако Цеца Ражнатовиќ важи за една од најубавите пејачки, таа, како и повеќето жени, се...

More Articles Like This