December 8, 2021, 10:34 pm

Палмер: „Ако САД и Европа нe ce пocвeтaт нa Зaпaдeн Бaлкaн, дpyги cили ќe гo иcкopиcтaт тoa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик помошникот државен секретар на САД за Евроазија Метју Палмер вели дека е „многу важно“ Соединетите американски држави да покажат посветеност на Западен Балкан, бидејќи во спротивно другите сили ќе го искористат празниот простор.

,,Ако не сме ниту ние ниту Европејците присутни таму, некој ќе го пополни тој простор. Ние сме таму и сме посветени на регионот, имаме блиски партнери и сојузници низ целиот Западен Балкан. Соединетите држави се посветени на Западен Балкан, не само со зборови, туку и материјално, во смисла на инвестиции, политички ангажман и големо внимание што регионот го бара и го заслужува“,изјави високиот претставник на Стејт департментот, за „Гласот на Америка“.

Коментирајќи ја ситуацијата во Србија, тој вели дека е убеден оти српскиот претседател Александар Вучиќ е сериозен во неговата намера, Србија да стане членка на ЕУ, истакнувајќи дека САД тесно соработуваат со Србија како партнер и пријател за да ѝ помогнат во спроведувањето на потребните промени.

Но, потсетува дека е „многу е важно“ Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, да се вратат на преговарачката маса, да ги решат отворените прашања и „да тргнат кон договор за целосно нормализирање на односите, што, оптимално, ќе се заснова на меѓусебно признавање“.

209 КОМЕНТАРИ

Latest News

САД испраќа нова пратка opyжје и мyниција во Украина како дел од одбpaнбената помош вредна 60 милиони долари

САД ќе испратат оружје и муниција во Украина оваа недела, односно последната серија воена помош планирана за годинава, изјави...

More Articles Like This