ПАНДЕВ МУ ЈА ТРГНА НАСМЕВКАТА ОД ЛИЦЕТО НА РОНАЛДО: Со асистенција и гол само го победи Јувентус!

  • March 17, 2019

Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата големина, најдобриот натпревар сезонава играјќи го токму против шампионот Јувентус. Македонецот влеззе во игра во второто полувреме на местото на Санабрија и блесна во сиот свој сјај, најпрвин асистирајќи му на Стураро за водство од 1-0, а потоа и самиот погодувајќи за 2-0 за Џенова.

„Гранде Пандев“ одлично втрча на додавање на Куаме, силно биеше од петнаесетина метри и го совлада Перин.

Добрата форма на капитенот е одлична вест и за македонската репрезентација, на една седмица пред стартот на квалификациите за ЕВРО 2020.

 

https://twitter.com/susantoroj/status/1107272491997773825

Претходно «
Следно »