December 4, 2021, 5:51 pm

Пандев: Ова ми е последна сезона, во јуни одам во пензија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Пандев во интервју со Кориере дело Спорт откри дека ја игра последната сезона и во јуни ќе стави крај на кариерата, Македонецот додава дека нема амбиции да стане тренер.

Горан Пандев вели дека ова дефинитивно е неговата последна сезона. Напаѓачот минатото лето размислуваше за пензија откако стави крај на кариерата во дресот на Македонија, но реши да одигра уште една година.

„Да, ова ми е последна сезона. Во јуни одам во пензија“ – вели Горан Пандев во разговор со Кориере дело Спорт.

„Продолжив поради луѓето, ќе ми беше жал да ставев крај на кариерата пред празни трибини. Навивачите на Џенова секогаш ме поддржуваа па заслужуваат да им кажам благодарам, исто како што треба да му се заблагодарам на Прециози (сега веќе поранешниот претседател на Џенова) кој ме убеди да останам“.

„Не сум размислувал за иднината, но мислам дека нема да бидам тренер“.

Извор: 24fudbal.mk

Latest News

(Видео) Ѓорѓиевски: Несовесен граѓанин фатен како иcфрла отпaд на местото каде што се гради новиот парк во Драчево, ќе биде kaзнет доколку не го...

Денес, несовесен граѓанин се обидел да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево. Градоначалникот...

More Articles Like This