December 4, 2021, 4:40 pm

Пандев ја завршува својата фудбалска кариера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рекордерот според настапи и постигнати голови во дресот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев потврди дека ова е последната сезона во која го носи дресот на прволигашот Џенова и во јули ќе стави крај на својата клупска кариера.

Пандев во интервју за весникот „Кориере дело Спорт“ најави дека по заминувањето во фудбалска пензија ќе остане вклучен во фудбалот, но нема намера да почнува тренерска кариера.

– Дефинитивно ова е мојата последна сезона. Што се однесува до мојата иднина не се гледам себе си како тренер, можеби како менаџер или нешто слично, изјави Пандев.

Џенова утре со новиот тренер Андриј Шевченко ја пречекува Рома предводена од поранешниот тренер на Пандев во Интер, Жозе Мурињо, а поранешниот македонски репрезентативец со комплименти зборуваше и за обајцата.

-Доаѓањето на Шевченко во Џенова е голема работа за нашиот клуб. „Шева“ е амбициозен тренер, со победнички менталитет и несомнено од него многу се очекува. Што се однесува до Мурињо, за него имам само пофални зборови. Тој е човекот кој ги промени моите фудбалски погледи, изјави Пандев.

Latest News

Xopop во Кисела Вода: Cилyвaна 21 годишна девојка од пријател на нејзиното поранешно момче

На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба...

More Articles Like This