April 19, 2024, 12:42 pm

ПАНДОВ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ИНФОМАКС: Заев гaзи преку лeшeви поради стpaвот од пораз на избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавност е шокирана од односот на Зоран Заев во време на светската пандемијата и инсистирањето парламентарните избори да се случат час поскоро. Сепак аналитичарот Александар Пандов има разумно сфаќање за барањата на Зоран Заев за брзи парламентарни избори. Според него рејтингот на Заев е во слободен пад поради погрешните политики, а стравот од пораз кај него е огромен. Пандов посочува дека логиката на Заев е дека што помалку луѓе ќе излезат гласање, толку помал ќе биде поразот за СДСМ. Tокму поради oваа причина Заев бара брзи избори надевајќи се дека поради пандемијата голем број граѓани нема да излезат на гласање.

-Стравот од огромен пораз, е главната причина што Заев го тера да гази и преку лешеви. Нему му е апослутно јасно дека народот жестоко ќе го казни поради сите понижувања и газење на националното достоинство. Заев знае дека срамниот договор од Нивици по кој ни беше сменто уставното име Република Македонија или пак уште пострашниот договор со Бугарија со кој им ја поклони целата македонска историја и култура, се работи за кој народот не простува. Но да е само тоа, да ве потсетам дека во моментов Македонија е прогласена за хибриден режим во кој царува корупцијата и криминалот, а вербата во македонските институции никогаш не била пониска. Бранот на кој јаваше Заев и неговите шарени #НемаПравдаНемаМир, стана за потсмев. Рекетари како Боки Тредичи и Катица станаа трејдмарк на заевата Влада. Со вакво судство и обвинителство во овие неколку години не остана патриот и родољуб во државава, а да не е на робија или со кривични пријави малтретиран на рочишта по судови, најчесто за вербален деликт. Странска инвестиција заборавивме како изгледа, напротив и тие што работеа сега почнаа да затвараат и да испуштаат вработени. Македонија никогаш не била повеќе задолжена и во поголеми долгови. Сето ова го знае Заев и верува дека во ситуација на страв кај народот за сопственото здравје и живот, многу мал број на луѓе ќе излезат на гласање. Што помалку луѓе на гласање, толку помал пораз за СДС, вели тој.

Пандов жестоко го критикуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој според него заедно со Жарко Караџовски се главните виновници за катастрофалната здравствена состојба со коронавирусот во Македонија, посочувајќи дека во нормална држава досега тие ќе беа разрешени.

-Кога говориме за Венко Филипче, мора да се потсетиме дека истот тој првично беше советник на Нино Тодоров, за да од позиција на министер како постигнувања во целово негово министерување, мене, а верувам и на народот единствено нешто што ми текнува за него се афери. Почнувајќи го мандатот со тендерот од 37.000.000 милиони евра за лабараториски тестови, потпишан од негова страна, а од другата како потписник фирма регистрирана недела дена претходно. Венковото име го слушнавме и видовме кога го лажеше народот како демек ја вакцинира својата шестмесечна внука, а уште послино блесна кога читавме како со Ден Дончев ја рекетирале бизнисменката Вера Иванова по 60.000 евра месечно. Секако дека уште долги години ќе се шепоти неговото име и кога ќе се спомене зборот Корона. Филипче и неговиот советник Караџовски ја направија Македонија рекордер во регионов по смртност од вирусот, а на Форбс сме рангирани како најнебезбедна земја во Европа! Да бевме нормална држава овие двајца до сега ќе беа разрешени, но за жал не сме, истакна Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This