ПАНИКА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Заразена вработена во Агенцијата, била во контакт со повеќе лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска паника владее во Агенцијата за вработување откако денеска е потврден првиот случај на позитивен вработен во оваа државна институција. Заразената вработена имала контакт со повеќе лица од Агенцијата, па логично се поставува прашањето дали ќе има нов кластер на заразени во оваа државна институција.

Претходно пример за кластер во јавните институции имавме во Македонски шуми, кластер кој резултираше со 10-тина заболени, а имаше и починати. Вработените се загрижени за своето здравје, но и за здравјето на нивните семејства. Нивната загриженост отвора и други прашања, пред се дали се почитувале мерките и препораките на Владата во институцијата. Доколку мерките во оваа државна институција не се почитувале, одговорност мора да превземе директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска која ги изложила своите вработени и нивните семејства на непотребен ризик.

Официјалните информации на Агенцијата велат дека околу 9 илјади Македонци останеле без работа за време на корона кризата, но веројатно реалната состојба е многу полоша. Дали можеби новонастанатата ситуација ќе им создаде дополнителна главоболка на граѓаните кои останаа без работа со оглед на фактот што исплатите на оние кои го загубиле своето работно место одат токму преку агенцијата?

Latest News

(Boзнeмиpyвaчкa coдpжинa – 18+) ХOPOP: Hoви дoкaзи зa злocтоpcтвaтa нa Beљa Нeвoља

Во српските медиуми се појавија нови грозоморни фотографии, можеби најстрашните досега, што покажуваат последици од тортура и касапење луѓе...

More Articles Like This