ПАНИКА ВО ЗАПАДНИТЕ МЕДИУМИ: Еден проектил доволен да ја уништи Франција или Тексас – „Сатана 2“ или РС-28 Сармат!

  • October 27, 2016

Ракетното дизајнерско биро Макејев ја декласифицираше првата фотографија од новиот Руски супер-тежок термонуклеарен интерконтинентален балистички проектил, Сармат РС-28
sarmat

„Сармат“ во моментот се доработува од страна на дизајнерското биро Макејев во градот Миас, источно од Урал, и е одговор на се позачестените закани кон Русија со поставувањето на ракетниот штит на САД во Источна и централна Европа со кој се прави обид да се поремети глобалниот стратешки баланс. Во неделата Мекејев ги објаи фотографиите за новото тајно оружје кое се планира да влезе во употреба до 2018 година.

„Сармат“ е подготвува како проектил кој ќе го замени РС-36 проектилот од семејствоот на интерконтинентални балистички проектили, кои влегоа во служба во 70-те и 80-те. Истите ќе имаат голем капацитет на носивост, а ќе имаат и можност за носење на повеќе боеви глави, односно до 10 потешки или 16 полесни боеви глави, или пак комбинација на неколку.

Многу странски безбедносни експерти највеќе се загрижени поради можноста за вооружување на РС-28 со „Проект 4202“, Руски хиперсоничен глајдер со можност за носење на боева глава, со можност да достигне брзини помеѓу Мах 7 и Мах 12.

Глајдерот се очекува да биде во фунцкија помеѓу 2020-та и 2025-та година, и ќе биде во можност да го надмине проблемот на ракетниот штит благодарение на големата брзина.

Претходно «
Следно »