ПАНИКА ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО УНГАРИЈА: Немаа одговор, наместо тоа дрско ги избегнуваа пршањата!

  • November 16, 2018

Вистинска паника владее во македонската амбасада во Будимпешта откако Никола Груевски успеа од Македонија да пребегне во Унгарија, и таму да побара политички азил поради политичкиот прогон кој се води против него во Македонија

Нашата редакција се обиде да стапи во контакт со македонската амбасада во Унгарија, од каде успеавме да добиеме панично одбивање на прашањата од страна на в.д. амбасадорката Анче Марковска, која не се ни обиде да ги слушне прашањата.

Вознемиреноста беше очигледна уште кога го споменавме името на Никола Груевски, а Марковска не упати прашањата да ги поставиме во МНР во Македонија.

Не успеавме да ги прашаме дали имале контакт со Никола Груевски, дали тој побарал помош од амбасадата, дали амбасадата стапила во контакт со унгарските власти, и воопшто дали македонските дипломати во Унгарија работат нешто.

 

Претходно «
Следно »