ПАНИКА КАЈ ГРАЃАНИТЕ ОД ЈУГОТ НА МАКЕДОНИЈА: Земјотресот од 5 степени ги исплаши граѓаните на Гевгелија и Дојран!

  • January 2, 2018

Земјотресот беше со јак звук, и тресење на земјиштето како дрмање на лево десно, во траење од неколку секунди, но доволно да се занишаат лустерите и да се затресат прозорците и столариите во домот.


Во 5 часот и 24 минути утринава земјотрес од 5 степени според Рихтеровата скала е регистиран на 10 километри источно од Дојран.

Ова е најголемиот земјотреси по серијата почувствувани од вчера, а кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје.

Земјотресот беше со јак звук, и тресење на земјиштето како дрмање на лево десно, во траење од неколку секунди, но доволно да се занишаат лустерите и да се затресат прозорците и столариите во домот.

Според досегашните информации последниот земјотрес предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места низ Дојран. Истиот е почуствуван и од населението во соседните Грција и Бугарија.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар го регистрираше ударот со интензитет од 5,1 степени по европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на потресот е во Грција на длабочина од само 2 километри од земјиното тло, на 146 километри југоисточно од Скопје, на 9 километри источно од Стар Дојран.

Голем дел од населението во Гевгелија го почувствува утринското немирно тло, а не помалку изненадени беа Дојранчани, Жителите на Богданци, Струмица и населените места од југоистокот на Македонија.

Атинската сеизмичка лабораторија ноќеска регистрираше вкупно девет потреси во период изминативе шест часови, од 23:13 до 5:24 сите на североисточниот дел од Грција во близина на македонско-грчката граница.

Претходно «
Следно »