January 23, 2021, 6:36 pm

Пановски: Ако новогодишните празници се минат без зapaзи, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано

Поврзано

Пендаров pacпaли: “Заев е нajнecпocoбниoт пpeмиep кoj гo имaлa Македонија”

Политичиот аналитичар и долгогидшен новинар и поранешен дописник од Словенија истакна дека Зоран Заев е најнеспособниот премиер на Македонија....

Boзeтe внимaтeлнo: Hoви одpoни нa peгиoнaлниoт пaт М.Каменица – Кочани, eднo вoзилo ocтaнa зaглaвeнo..

Продолжува паѓањето на одрони кај месноста Драките, на потегот од село Истибања до брана Калиманци на регионалниот пат Македонска...

Akadeмици со купени дипломи и шиpaчи на лaжни вecти – Jacна Koтecka за „пapaзититe“ во МАНУ

Универзитетската професорка Јасна Котеска во серија твитови го парчоса триото академици Абдулменаф Беџети, Таки Фити и Владо Камбовски за...
- Advertisement -

Имунитетот на децата кои сега следат настава од дома е „заспан“, догодина, кога ќе тргнат во градинка и на училиште ќе имаат проблем, нагласи микробиологот Никола Пановски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Најголем проблем догодина ќе се случи со децата што ќе тргнат во градинка и на училиште. Вирусите ќе мора да се наплатат. Имунитетот на тие деца сега е заспан, а догодина ќе имаме други болести, нагласи Пановски.

Како причина за стагнација на дневната бројка на новозаболени, тој ја наведе свесноста кај луѓето дека вирусот постои.

– Сега не сум слушнал за големи журки, нешто што се случуваше претходно. Најмногу зарази се од јавен или приватен превоз и работни организации. Маските не штитат 100 отсто, ако неколку луѓе се во автомобил и имаат маски, а еден е позитивен, неминовно е некој да се зарази од оние кои се негативни, вели Пановски.

Според него, влијание има и колективниот имунитет и во тој контекст изрази надеж дека за две недели ќе почне да паѓа бројот на активни случаи, како и бројот на хоспитализации.

– Ако новогодишните празници се минат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано. Мислам дека лидерите на сите партии треба да дадат соопштение да се биде дома за Нова Година, да не се собираат во заторен простор, ако е така ќе се спасат животи, истакна Пановски.

Не се многу, рече Пановски, 33.000 дози од вакцината против ковид, меѓутоа ќе помогнат каде е најпотребно до февруари до кога, нагласи, ќе мора да издржат и здравствените работници.

– Најверојатно вакцинирањето од грип е непотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата. Нема одење по слави, по спортски натпревари, на концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет. Речиси пола од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80 отсто ќе живееме нормално, вели Никола Пановски.

Latest News

Фaтeни нa дeлo: Скопјани пpeвeзyвaлe 6 мигpaнти вo близинa кaj ceлoтo Пpдejци

Полицијата уапси двајца скопјани кои нелегално превезувале мигранти. Лицата на возраст од 25 и 33 години биле откриени синоќа...

More Articles Like This