Папата доби крава на подарок

  • September 15, 2017

Папата Франциско за време на аудиенција на плоштадот „Свети Петар“ во Рим вчера од едно семејство од Пјаченца доби несекојдневен подарок – кравата Лу.

Сточарот по име Анџело Грамиња изјави дека таа дошла на свет по неговиот аџилак во Лурд, па затоа и го добила тоа име. – Овој подарок е остварување на мојот сон, истакна Грамиња.

Заменик-портпаролката на Ватикан, Палома Гарсија Овејеро изјави дека кравата ќе и се придружи на другата стока на фармата близу летната резиденција на папата во замокот Гандолф, што се наоѓа 25 километрии југоисточно од Рим.

На вчерашната аудиенција кај папата присуствуваше и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој неодамна премина во католицизам.

Претходно «
Следно »