ПАПАТА ОД СОФИЈА ГИ БЛАГОСЛОВУВАШЕ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ , НО НЕ ГИ НАРЕЧЕ МАКЕДОНЦИ ТУКУ ЕВРОПЕЈЦИ: Благословени да се светите Кирил и Методиј

  • May 5, 2019

„Да бидат благословени светите Кирил и Методиј, патрони на Европа, кои со своите молитви, посветеност и апостолска дејност станаа примери за нас, и остануваат, по повеќе од еден милениум, инспиратори на плоден дијалог, хармонија и на братски сојуз меѓу Црквите, државите и народите ! Нека нивниот светол пример предизвика многу следбеници, дури и во денешно време, и да се појават нови патишта на мир и хармонија!“, порача денеска Папата Францис од Софија каде што ќе биде во дводневна посета пред да допатува во Скопје во вторник.

Тој потсети дека веќе 50 години бугарска официјална делегација, составена од највисоките граѓански и црковни власти, секоја година го посетува Ватикан по повод празникот Св. Свети Кирил и Методиј.

„Тие се заслужни за евангелизирање на словенските народи и се во основата на развојот на нивниот јазик и култура, и, пред сè, всадувачи на изобилно и трајно овошје на христијанско и свето сведоштво“ додаде поглаварот на Римокатоличката црква..

Претседателот на Ватикан ги предупреди Бугарите дека заг убиле два милиони жители во последниот период и дека мора да се справуваат со „белата ч ума“.

„Падот во наталитетот, во комбинација со интензивниот миграциски тек, доведе до депопулација и напуштање на многу села и градови. Покрај тоа, Бугарија се соочува и со феноменот на оние кои се обидуваат да влезат во нејзините граници, за да избегаат од војни и конфликти или од сиромаштија, и се обидуваат да стигнат до најбогатите области на европскиот континент, за да пронајдат нови можности за опстојување“ или само засолниште“, додаде Папата Франциск.

Тој побара од Бугарија да биде толерантна кон емигрантите и да ја разбере нивната ситуација.

Претходно «
Следно »