Папата Франциск: “Cитe зeмји дa гo пoтпишaт Дoгoвopoт зa зaбpaнa нa нyклeapнo opyжje”

Поврзано

- Advertisement -

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ги повика сите држави да се приклучат на Договорот на Обединетите нации за забрана на нуклеарно оружје, истакнувајќи дека таквата забрана е неопходна за зачувување на светскиот мир денес.

„Силно ги охрабрувам сите држави и сите луѓе решително да работат на унапредување на условите неопходни за свет без нуклеарно оружје, придонесувајќи за унапредување на мирот и мултилатералната соработка што на човештвото денес му се толку многу потребни“, рече папата Франциско, осврнувајќи се на договорот за време на неговото редовно неделно обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје стапува на сила в петок и досега го ратификуваа 86 држави, а беше инициран од Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦА), која ја доби Нобеловата награда за мир во 2017 година.

САД, Велика Британија, Франција и другите нуклеарни сили не го потпишаа договорот и ги бојкотираа преговорите што доведоа до него, соопшти агенцијата.

Latest News

(Видео) Вистинската приказна за Трето полувреме: „Цела Бугарија се тресеше од нас“

„Цела Бугарија се тресеше од нас“, се сеќава Васил Дилев од фудбалскиот клуб Македонија, крунскиот сведок на филмот кој...

More Articles Like This