ПАРИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМ ИЗВОР НА ЗАРАЗА: Задолжително миење на рацете пред секој оброк

  • January 16, 2020
  • Коментари

Парите буквално одат од рака на рака, па затоа на нив се собираат навистина многу бактерии. Иако повеќето се безопасни, по користење на банкнотите, рацете треба да бидат добро измиени.

 

 

 

Бактериите кои влегуваат во телото преку пукнатини во кожата, можат да предизвикаат инфекции кај луѓе со ослабен имунолошки систем.

Потребна е посебна грижа при ракување со храна. Ако допрете банкнота или монета полна со бактерии, а потоа месо, бактериите во месото можат да се размножат.

Затоа е важно да ги миете рацете триесет секунди пред да имате контакт со храната, но и после тоа.

Наспроти популарното верување, бакарот на монетите нема антибактериски ефект. Бакарот може да го спречи размножувањето на некои бактерии, но не може истите да ги уништи.

Значи, парите се еден од најголемите извори на бактерии, па токму поради тоа при секој контакт со пари, веднаш потоа убаво измијте ги рацете за да немате непосакувани последици!

Претходно «
Следно »