ПАРИ ЗА ПЕНЗИИ НЕМА, АМА ЗА УПРАВНИ ОДБОРИ НЕМА ПРОБЛЕМ: Зголемени паушалите во управните одбори во ПОЦ центар од 43% до 300%!

  • January 31, 2019

На денешната седница на советот на општина Центар, градоначалникот им предложи на советниците да се зголемат паушалите на членовите на Управниот и надзорниот одбор на ПОЦ

Претседателот на управниот одбор од 8.000 ќе добива 12.000 додека пак претседателот на Надзорниот одбор од 4.200 денари ќе добива дури 12.000 денари.

Останатите членови на управниот одбор ќе земаат по 10.000 денари.

Што ли толку сработија членовите на ЈП за паркинзи во општина Центар за да добијат вакво драстично зголемување на месечните паушали останува голема енигма.

Отсега тие за еден состанок во месецот ќе земаат по една минимална плата, онолку колку што цел месец работи продавачка, шивачка во фабриките за текстил, хигиеничарка во било кое претрпијатие или државна институција.

СДСМ нема пари за зголемување на пензиите, но за своите партиски војници во претпријатие во кое речиси ништо не се управува за еден час во месецот имаат дневници од 200 евра.

Веројатно вака зголемените трошоци раководството на ПОЦ ќе ги компензира со зголемен лов на погрешно паркирани возила во општина Центар.

Како ќе го прифатат граѓаните ова Свети Атанасово „частење“ на УО во ЈП на општина Центар останува да се види. Инаку, колку што сме информирани сите членови на УО во ПОЦ се со членски книшки на владејачката партија.

Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар се состои од 5 (пет) члена:

  • Претседател на Управен одбор

    Дарко Атанасовски

  • Член на Управен одбор
  • Давид Данаилов
  • Член на Управен одбор
  • Никола Симоновски
  • Член на Управен одбор
  • Марко Георгиевски
  • Член на Управен одбор
  • Богослав Лескаровски
Претходно «
Следно »