Партизација на администрацијата на најјако: Шилегов вработува државни службеници во градската администрација

Поврзано

Шилегов: Не можам да постигнам со работа

Во гостувањето во Студио 10 градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов говореше за проектите кои тој ги остварил како градоначалник. Како...

Шар Планина ќе биде прогласена за Национален парк

Собранието го заврши општиот претрес по Предлог-законот дел од Шар Планина да се прогласи за Национален парк, во прво...

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски е позитивен на Ковид-19. – Ве известувам дека и покрај почитувањето на...
- Advertisement -

Претрупување на јавната и државната администрација со партиски активисти продолжува и на ниво на Град Скопје.

Имено, станува збор за објавување на оглас за вработување на 18 државни службеници во градската администрација на Скопје, а според огласот се бараат лица за различни позиции и тоа од соработник за прибирање предлози за изготвување на буџет, соработник за подготовка на материјали и документи за буџетска контрола, помлад соработник за прибирање на податоци, соработник за финансиско материјално сметководство, виш соработник за администрирање на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок, соработник за норматива, помлад соработник за занаетчиство и трговија, помлад соработник за култура, помошник раководител на Сектор за образование, помлад соработник за средно образование, советник за издавање решенија за одобрување на елаборати за животна средина и оцена на влијанија на животната средина, советник за водење на Интегриран катастар на животна средина, виш соработник за европски интеграции, советник за давање на информации, помлад соработник за превод- англиски јазик, двајца соработници за јавни набавки, како и виш соработник за подготовка на материјали и документи за јавна набавка.

Нето платата со која ќе бидат платени овие лица е во зависност од позицијата, а се движи од најниска 22.026 денари до највисока 32.866 денари на позицијата помошник раководител на Сектор за образование на кој согласно годишниот план на институцијата за 2021 година е предвидено вработување на еден Албанец.

Медиумите и претходно објавуваа дека централната власт и локалните власти продолжуваат со вдомување на партиски активисти во државната и јавната администрација, додека пак познавачите велат дека огласите се објавуваат само од формално правен аспект бидејќи како што сметаат однапред веќе се познати кои лица ќе бидат вработени на овие позиции, како и дека се поголем бројот на граѓаните сметаат дека единствен начин за вработување е партискиот клуч.
Се појасно е дека институциите стануваат се по партизирани и непрофесионални и покрај тоа што сегашната власт на СДСМ во време на опозиција на големо ја критикуваше тогашната влада дека врши партизација на јавната и државната администрација. Но, од сегашен аспект се покажа дека СДСМ го прави истото или пак може и полошо од тоа претходно, со оглед дека администрацијата веќе е преполна со неквалификуван кадар.

Огласот за вработување на овие лица е активен до 16 март.

Latest News

Мизрахи: СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е

Во вечерашното издание во емисија „Патот кон" на ТВ Алсат М гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи...

More Articles Like This