October 25, 2021, 8:00 am

Партијата на пензионери на локалните избори ќе учествува во коалицијата предводена од СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на пензионерите, на 16.07.2021 година, во Скопје одржа седница на Главен одбор и СОБРАНИЕ на ПП, на кои, покрај статутарни обврски, се разработени прашања и донесени одлуки во врска со локалните избори во Р Македонија, кои ќе се одржат октомври 2021 година.
Донесена е одлука на локално ниво да се интензивираат активностите за реализирање на клучните цели од Програмата за работа на ПП, која е платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година, со акцент на прашања кои се однесуваат на економско-социјалната положба, стандардот и правата на пензионерите.
Потенцирана е потребата од дефинирање на перспективите, во рамки на коалицијата, за остварување на заложбите за подобрување на сегашниото законско решение за усогласување на пензиите, со додавање на основот истите, во определен сооднос, да го следат и порастот на платите во земјата, за што ПП веќе поведе иницијатива.
ПП го реафирмира слоганот „човекот е на прво место“ и своите политики за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, за солидарно општество, за образованието, младите и за животната средина.
Усвоен е извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот г-дин Илија Николовски.
Собранието на ПП утврдувајќи ги критериумите кои треба да ги исполнуваат кандидатите на партијата на локални избори, ја потврди Одлуката на ИО и ГО на претстојните локални избори, кои ќе се одржат во октомври 2021 година, Партијата на пензионери, на рамноправна основа, да учествува во коалицијата предводена од СДСМ.
Ваквата одлука, покрај досегашната плодотворна соработка, се темели и на фактот дека определбите од Програма на СДСМ, кои се однесуваат на прашања од доменот на пензионерските политики, имаат најголема компатибилност со Програмата и решенија кои, во таа свера, ги нуди ПП.

Latest News

Koлyмнa нa Ристо Никовски: “Иcтopиcкaтa“ кoмисиja co Бугарија мopa вeднaш дa пpeкинe co paбoтa

Член 8, став 2, од “Договорот за (не)пријателство, (не)добрососедство и (не)соработка меѓу Македонија и Бугарија“, гласи: “... со цел...

More Articles Like This