ПАРТИЈАТА НА РАМА ПОБЕДИ: Но не доби 50 отсто од гласовите

  • June 25, 2017

Владејачката Социјалистичка партија во Албанија на чие чело се наоѓа актуелниот премиер Еди Рама е победник на парламентарните избори, покажуваат излезните анкети.

Се проценува дека Социјалистичката партија би можела да освои над 71 од 140 места во парламентот, пишува Ројтерс.

Бил забележан слаб одзив на гласачите поради што гласачките места останале отворени еден час подолго.

Рама претходно упати кратка порака преку Фејсбук: „Гласајте!“, додека лидерот на демократите Љуљзим Баша кажа дека „животот на Албанците може да се смени само со излегување на изборите“.

Одзивот на гласачите до 17 часот бил под 50 отсто.

Албанското министерство за внатрешни работи соопшти дека на одделни гласачки места имало случаи на купување гласови и заплашување на гласачите.

Ова се деветти парламентарни избори од падот на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа и први од полноправното членство на Албанија во НАТО и добивањето на кандидатски статус за влегување во ЕУ.

Претходно «
Следно »