ПАТРИОТСКИТЕ ЗДРУЖЕНИJA ЗАСТАНУВААТ ПОЗАДИ ВМРО-ДПМНЕ: МПЗ „А.Л.Ј. Ќосето“ со безусловна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ!

  • November 11, 2016

Уште едно патриотско здружение застана со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, партијата за која како што велат е единствена која се грижи за македонскиот народ, историја, традиција и култура, за разлика од другата страна која на секој начин се обидува да ја зацрни и подели земјата

andon_koseto

Во продолжение следува интегралниот текст од соопштението

Почитувани, ни преставува особена чест и задоволство да ја известиме целокупната јавност дека МПЗ „А.Л.Ј. Ќосето“ дава безпрекорна и максимална подршка на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Со оглед на фактот дека Македонија се наоѓа во многу тешка ситуација и дека најмногу од се во овој момент е потребна оваа подршка. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од другите политички субјекти и партии, во изминатиов период покажа дека вистински се грижи за зачувување на идентитетот и постоењето на македонскиот народ, непотклекнувајќи на сите притисоци и предизвици со кои бевме и сме соочени во текот на целата наша историја.
ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во историјата на независна Македонија која ја извади цела македонска историја на виделина, историја која припаѓа исклучиви на македонскиот народ, особено сме задоволни од самиот факт што беше на некој начин реинкарниран нашиот патрон на здружението Андон Лазов Јанев ЌОСЕТО, за кој и воопшта да не се знаеше, а беше праведно или неправедно заборавен, даден или маргинализиран во целиот претходен период на сите Влади пред оваа. Освен А.Л.Ј. Ќосето беа издигнати и откринеи корифеји на Македонското дело и кауза. Како една од ретките партии која како никогаш досега се грижи за историјата на Македонија која е столб на постоењето на нашата нација.
За разлика од ова имаме друга страна која со сите напори се труди да ги зацарни историјата, нацијата, јазикот, територијалниот интегритет и дигнитет на државата. Сведоци сме на една деструктивна и небулозна кампања за урнисување на се што е македонско, нудење на решенија за федерализација како чекор до идно територијално поделување. Сведоци сме на директен удар кон јазикот на нацијата, кој преставува еден од неколкуте главни идентитски показатели на било кој народ.

Исто така бевме сведоци во изминатиов период на едно вандалско однесување со сквернавење и дирктниот удар на сешто преставува македонска историја.
Токму од овие анти-патриотски причини ние застануваме и донесуваме ваква одлука!

Со искрена почит!
МАКЕДОНСКО ПАТРИОТСКО ЗДРУЖЕНИЕ „АНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ ЌОСЕТО“.

Претходно «
Следно »