October 20, 2021, 5:20 pm

Пауновски и од „папучи“ пpкocи – еве што се случувало во ДПИ со рамковните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè што правев беше да ја заштитам институцијата, вработените, државата, вели поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, (ДПИ), Стојко Пауновски, коментирајќи ги случувањата околу неговото разрешување откако одби да прими 35 рамковно вработени административци од Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците.

Во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 тој рече дека од доделените само 12-13 луѓе ги исполнуваат условите – економисти и правници, и тие би можеле да се вклопат за што почнале да прават подготовки, а остана и на тврдењата дека како ДПИ испраќале писмо до институциите во врска со овој проблем, но не добиле одговор.

Тој рече дека одбивал да ги прими и да земаат плата, а да не работат, затоа што како СДСМ претходно се бореле токму против тоа.

„Јас сум бил 6 години пратеник, на говорницата цела македонска јавност ме слушала кога сум зборувал дека има 3 500 луѓе кои седат дома и земаат плата. Сега јас требаше да бидам тој кој го продолжува тоа и да примам луѓе кои ќе седат дома, а да им давам плата затоа што нема место во местата каде сакаат да бидат сместени“, рече Пауновски.

Ако некој успее да ги смести доделените лица, рече тој, јавно ќе се извинам и ќе му честитам.

„Јас ќе му честитам, јавно ќе се извинам ако за сите најде соодветно место. Знам што наследив во 2018, од тогаш низ цела Македонија ги опремивме сите одделенија, направивме институцијата од 19 век да изгледа како европска институција. Во Тетово во 90 квадрати беа сместени 53 луѓе. Сега се 40 луѓе во 400 квадрати во современи услови за да може да работат“, рече Пауновски.

Пауновски ги отфрли и инсинуациите дека одбивал да ги вработи затоа што се Албанци и потсети дека во одредени места 40 отсто од вработените се оваа етничка група, како и дека петицијата за негова поддршка ја потпишале 95 отсто.

Меѓу оние кои се потпишале не била и неговата наследничка, новата в.д. директорка Анета Симеска-Димоска за која Пауновски очекува дека таа како вработена во ДПИ ќе придонесе за понатамошен развој на институцијата затоа што ги знае работите и условите.

Ова беше негово прво телевизиско гостување по разрешувањето од функцијата, а вели дека досега не сакал да излегува за да не биде сфатен дека сака да прави проблеми на СДСМ во пресрет на конгресот.

Latest News

Мицкоски од Центар: СДСМ е на власт 8 години овде, ветуваа мораториум на градење, паркови и решавање на сообраќајниот xаос, а добивме интензивна бетонизација...

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, претседателот Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ е на власт во Центар...

More Articles Like This