ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВО СВЕТОТ: Втора недела по ред цената на нафтата на светските берзи се намалува

  • October 23, 2018
  • Коментари

Втора недела по ред цената на нафтата на светските берзи се намалува бидејќи се зголемија залихите во САД и се успорува растот на кинеската економија што може да намали побарувачка за енергенсот.

На Лондонската берза цената на нафтата се намали за 0,9 отсто на 79,78 долари додека на американскиот пазар барелот поевтине за 3,1 отсто на 69,12 долари.

Падот на цената на нафтата втора недела по ред е последица на знаците за успорување на растот на најголемите светски економии што може да резултира со ослабување на побарувачката за црното злато.

Притисок врз цената извршија и залихите на нафта во САД во претходната недела се зголемија за 6,5 милиони барели што е четврта недела раст – тројно повеќе октолку што очекуваа аналитичари.

Претходно «
Следно »